Ново

loading...

Диета со јаболка

Ја пробувате гардеробата и забележувате дека ви е тесна и не ви прилега убаво. Не се обесхрабрувајте, и за ова постои лек. Предложуваме еднодневна диета со јаболка, со која ќе загубите 1 кг дневно. Дозволени продукти за консумација се: 5 јаболка, 1 чаша јогурт, 1 морков, ориз, лимонов сок, засладувач, масло, зачин, растителен чај и минерална вода. 


Се препорачува да се пијат повеќе течности и да се движите што повеќе.

Појадок: Излупете и исечкајте едно јаболко и измешајте го со јогуртот. Додадете цимет или засладувач за подобрување на вкусот

Меѓуоброк: 1 јаболко

Ручек: Сварете 60 гр ориз, а 1 јаболко излупете го и ицечкајте го на парчиња и сварете го во вода. Потоа измешајте ги оризот и јаболкото. Можете да додадете лимонов сок или цимет

Меѓуоброк: 1 јаболко

Вечера: Изрендајте ги излупеното јаболко и морковот и измешајте ги. Додадете 1 лажичка масло, лимонов сок и некој зачин во ваш вкус.

Како да го исчистите домот после поплава?

Поплавата во домот предизвикува големи штети, но со брзо и правилно делување, можат да се спречат големите штети кои ги носи.  Најголема опасност од поплавите во домот е појавата и брзиот развој на габи и мувла, на кои им е потребно 48 часа да се развијат и да започне штетното делување. Делуваат штетно на здравјето, предизвикувајќи инфекции, астма, алергиски реакции и други болести. Затоа, веднаш делувајте!


Чистење и дезинфекција на просторот

Прво што мора да направите е темелно чистење на просторот. Водата исфрлете ја со испумпување. Направете список на штетата и оштетените предмети. Теписите и прекривките веднаш извадете ги и исфрлете ги, бидејќи во нив се развиваат најопасните микроорганизми. Облеката треба веднаш да ја исперете и добро да се исуши. Исушената облека сместете ја далеку од поплавениот простор. Мебелот треба веднаш да го покриете со алуминиумска фолија и да го одвоите од мокриот под. Исчистете ги предметите со средства за чистење дрво или паркет, избегнувајте средства кои се на база на хлор, бидејќи ќе ја уништите површината на дрвото. Мебелот од иверица после поплавата веднаш фрлете го, бидејќи тој е веднаш уништен, бидејќи натопената иверица не може да се поправи или е многу скапа нејзината поправка и не се исплати. Душеците, креветите и тапацираниот мебел најдобро е да го фрлите, поплавата предизвикува голема штета, но здравјето е најбитно! Невозможно е да се дезинфицираат и се голем извор на болести после поплавите. Истото направете го и со постелнините. Вредните книги и документи замрзнете ги во замрзнувач! Замрзнувањето го спречува пропаѓањето, бидејќи ја суши влагата од листовите. Списанијата и весниците фрлете ги веднаш.

Чистење на ѕидовите после поплавата

Користете заштитни ракавици, облека и маска бидејќи ќе имате работа со штетни микроорганизми и хемикалии! Грубо отстранете ја нечистотијата од ѕидовите и подовите. Отстранете неколку слоеви боја од ѕидовите, со што ќе го забрзате нивното сушење и ќе ја олесните поправката. Ѕидовите избришете ги со средство за дезинфекција или со парен чистач. Од кога ќе го дезинфицирате просторот, оставете се да се исуши добро. Бојадисувањето на ѕидовите следува од кога сме потполно сигурни дека ѕидовите се целосно суви.

5 причини да се откажете од диетална кока кола

На прв поглед, диеталната кока кола делува како сосем разумно решение, особено кога сме на диета. Всушност, со неа внесуваме 140 калории помалку кои би ги нашле во обичната Кола Кола. Диеталната Кола Кола ја задоволува потребата за нешто слатко со вештачки засладувачи како аспартам, сахарин и сукралоза. Но, во овој хемиски коктел има многу повеќе отколку што можеме да претпоставиме. Овие се причините да престанете да го конзумирате овој штетен пијалок:

  • Го збунува телото
Вештачките засладувачи имаат поинтензивен вкус од вистинскиот шеќер, па така со текот на времето производите какo диеталната кока кола ги ослабнуваат нашите сетила за вкус за природно слатката храна како на пример овошјето. Овие засладувачи го мамат телото да складира повеќе маснотии што води го дебелеење.
  • Го зголемува ризикот за дијабетес тип 2
Една диетална кола кола на ден го зголемува ризикот за дијабетес тип 2 за дури 36%. Луѓето кои боледуваат од дијабетес тип 2 исто така страдаат од висок крвен притисок, зголемени нивоа на гликоза, покачен холестерол.
  • Нема никаква хранлива вредност
Кога пиете диетална кока кола на никаков начин не му правите добро на своето тело. Сакате пијалок без ниту една калорија во него? Пијте обична вода. Водата е од големо значење за многу процеси во нашето тело, така што пиењето на диетална кока кола никако не е позитивна работа. Доколку она што ви недостасува е нешто газирано, тогаш земете минерална вода.
  • Нејзиниот засладувач е поврзан со зачестени главоболки
Раните студии на аспартамот покажале дека овој вештачки засладувач може да предизвика главоболки кај некои луѓе.
  • Со текот на времето ќе ги уништи вашите заби
Прекумерното пиење на диетална кока кола полека полека ќе ги нагризува вашите заби. Една студија која ги споредила забите на корисниците на кокаин, метамфетамин и обична диетална кока кола добила исти резултати кај сите три личности. Виновникот е лимонската киселина која ја нагризува забната глеѓ.


Забрзајте го заздравувањето на раните

Во моментот кога ќе се повредите, битно е раната веднаш да се дезинфицира. Потребно е да ја измиете раната и да ставите фластер. Не ја допирајте. Кога ќе ја миете раната, не користете премногу силни средства за дезинфекција. Битно е раните и гребнатинките да бидат хидрирани. Некое време можете да земате витамин Е за да го забрзате процесот на заздравувањето.


По соодветниот третман и чистење на раната или гребнатинката, на затворена рана нанесете слој на гел од алое вера, двапати на ден. Други растенија кои можат да ви помогнат со раните се ехинацеа, кантарион и камилица, а можете да користите и билни чаеви и масла. Ледум или лабрадорски чај може да се најде во билните аптеки. Одличен е за дезинфекција на рани, му помага на телото на природен начин да се одбрани од инфекција и ја олеснува болката. Исто така ја намалува појавата на отоци, промени на бојата на кожата и модрици.

Цветовите, како лаванда и невен исто така се многу ефикасни, особено ако се во форма на мелем или масла, но можат да се користат и билни чаеви. Делуваат како антисептици. Маслото од лаванда делува подобро дури и од крема за лекување на рани. Го забрзува заздравувањето, а исто така и мириса одлично.

Арника е уште еден користен цвет. Особено е ефикасна со модрици и исчашувања. Се применуваат облоги на повредениот дел од телото од чај од арника. 

Маслото од лук исто така ќе помогне да се намалат воспалението и инфекцијата. Треба да се става во мала количина.

За да се спречи инфекција, многумина ставаат завој на раната. Битно е тој често да се менува, и редовно да се изложува кожата на свеж воздух, да биде во можност да се формира нова кожа. Возрасни лица со гребнатини треба да ги избегнуваат пушењето и алкохолот, бидејќи тоа го успорува процесот на лекувањето.

Ако симптомите се поизразени, тоа може да биде последица на големо воспаление од раната или гребнатината. Таквите рани би требало да ги прегледа лекар. Симптоми за кои е потребна лекарска помош се: оток на кожата, гноење,крварење од раните кое не престанува и мускулна слабост во областа околу раната.

Со оваа диета - изгубете ги килограмите за две недели!

Овој режим на исхрана заснован на варени јајца потполно го освои светот затоа што, благодарејќи нему, за кратко време и без мака можете да се ослободите  од вишокот килограми. Постојат неколку негови верзии, а оваа која ви ја предложуваме е најумерената, која се базира на правилно комбинирање на намирници, и смалено внесување на јаглехидрати.

ОСНОВНИ ПРАВИЛА

За да ја избегнете монотонијата во искраната, во оваа диета се дозволени многу намирници. Всушност, освен варени јајца, се препорачуваат и нискокалорични видови месо, како на пример пилешко, мисиркино месо, риба, а исто така и овошје и зеленчук со 
малку јаглехидрати, билни чаеви без шеќер, и вода. Лебот, тестенините и компирите се строго забранети.

Диетата држете ја десет дена, направете пауза од пет дена, па повторно вратете се на овој диетален режим на исхрана. Овој 
режим на исхрана се препорачува на личности кои имаат покачен холестерол и крвен притисок. 

ПЛАН НА ИСХРАНА

ДЕН 1

Појадок - бело кафе, парче црн леб, варено јајце
Ужина - овошје по избор
Ручек -  супа од зеленчук, 150 гр. пилешко на жар, зелена салата со варени јајца
Ужина - овошје по избор
Вечера - 80 гр. туна, парче црн леб, свежа пиперка

ДЕН 2

Појадок - кафе, парче црн леб, варено јајце
Ужина - овошен јогурт
Ручек - бистра пилешка супа, 150 гр. риба ослиќ, 100 гр. салата од домати зачинета со маслиново масло
Ужина - две варени јајца
Вечера - чорба од зеленчук, парче црн леб

ДЕН 3

Појадок - бело кафе, парче црн леб, помала пилешка паштета
Ужина - две варени јајца
Ручек - говедска супа, 200 гр. шпагети со мелено месо, зелена салатаУжина - овошен јогурт
Вечера - омлет со две јајца, парче црн леб

ДЕН 4

Појадок - чај, парче црн леб, една лажичка путер, лажичка мед, варено јајце
Ужина - овошје по избор
Ручек - чорба од спанаќ, 200 гр. динстано јунешко со зеленчук, салата по избор
Ужина - варено јајце
Вечера - салата од 100 гр. пилешко, 50гр. варен интегрален ориз, и 50 гр. карфиол зачинет со маслиново масло
ДЕН 5

Појадок - лимонада, парче црн леб, виршла, сенф
Ужина - варено јајце
Ручек - 150 гр. печено пилешко, 100 гр. варена боранија, парче црн леб
Ужина - овошен јогурт
Вечера - сендвич со варено јајце и пилешки гради
Наоружајте се со добра волја, строго придржувајте се до упатствата, па благодарејќи на овој режим на исхрана за две недели, на потполно природен  и здрав начин, ќе изгубите и до 5 килограми.

Извор: Здравје и Убавина